Şenhan Bolelli
30 Август 2020•Ажурирај: 01 Септември 2020
МАДРИД (АА) - Екипата на Барселона, предводена од својот нов тренер Роналд Куман, го одржа првиот состанок во сезоната 2020-2021 во својот тренинг-центар „Сиутат Еспортива“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Капитенот на екипата Лионел Меси не дојде на здравствената проверка, каде што беа направени ПЦР тестови поради епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19).
Новинарите отсуството на Меси го коментираа како дополнително засилување на тврдењата дека тој ќе ја напушти Барселона.
Аргентинскиот фудбалер не се очекува да присуствува на првиот тренинг планиран за утре.
Меси на 25 август преку неговата адвокатска канцеларија испрати факс до клубот Барселона, на кое го поднесе барањето да го напушти тимот.
Аргентинскиот фудбалер Меси (33) 20 години го носеше дресот на Барселона. Неговиот договор со клубот трае до 30 јуни 2021 година.
Претседателот на Барселона Жозеп Марија Бартомеу, кој минува низ тешки мигови, рече: „Ако јас сум причината ќе дадам оставка. Но за да дадам оставка, Меси мора да излезе пред јавноста и да каже дека ќе остане во клубот.“
И покрај тоа, аргентинскиот фудбалер сепак инсистирал да си замине.
Се тврди дека Меси, кој годишно заработува 100 милиони евра во Барселона, склучил договор со британскиот клуб Манчестер Сити.