Bedrudin Brljavac
29 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
МАДРИД
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина Миралем Пјаниќ ќе потпише договор со кој ќе премине во редовите на Барселона, јавува Агенција Анадолија (АА).
Барселона на својот официјален профил на Твитер потврди дека е постигнат договор со Јувентус околу трансферот на Пјаниќ во каталонскиот клуб, објавувајќи и порака за добредојде во новиот клуб.
Во пораката се наведува дека Пјаниќ ќе потпише за следните 4 години, до крајот на 2023/24, со откупна клауза од 400 милиони евра.
Вредноста на трансферот на Пјаниќ изнесува 60 милиони евра, а репрезентативецот на БиХ ќе остане во Јувентус до крајот на сезоната 2019/20.
По 9 години минати во Италија, Пјаниќ кариерата ја продолжува во еден од најголемите клубови во светот.
Пјаниќ својата професионална кариера ја започна во Мец, од каде премина во Олимпик Лион, за потоа да ги засили редовите на Рома. Од „волчицата“ во 2016 година премина во Јувентус, најтроферниот италијански клуб. За „стара дама“ 30-годишниот фудбалер од БиХ настапи на 170 натпревари и постигна 22 погодоци. Во дресот на репрезентацијата на БиХ одигра 92 средби, постигнувајќи 15 погодоци.