Dejan Maksimoviç
20 Октомври 2018•Ажурирај: 22 Октомври 2018
МАНЧЕСТЕР (AA) - Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер Јунајтед, во пресрет на денешното враќање на Стемфорд Бриџ, изјави дека на Олд Трафорд би сакал да го донесе на Еден Азар, најдобриот играч на Челзи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Но, некогашниот менаџер на Челзи, со кого Азар освои три титули на шампион на Англија, уверен е дека тоа лондонскиот клуб никогаш не би го направил.
„Азар и јас имавме добри односи, бевме шампиони заедно, така што мислам дека чувствата се добри. Историјата вели дека кога Азар е најдобар играч на Премиер лигата, Челзи е шампион. Тоа се случи со мене, тоа се случи со Антонио Конте. Оваа сезона сѐ уште е на почеток, но ако тој е најдобриот играч на Премиер лигата досега, што мислам дека е, Челзи е на врвот, бидејќи тој е вид фудбалер кој може да направи голема разлика“, рече Мурињо, и додаде:
„Би сакал да го имам во Манчестер Јунајтед, но не мислам дека Челзи нам ќе ни го продаде. Тука нема проблем, бидејќи Челзи го водат интелигентни и искусни луѓе од фудбалот, и мислам дека Азар никогаш нема да го продадат на Манчестер Јунајтед.“
Одличниот белгиски репрезентативец во досегашните осум премиерлигашки натпревари постигна седум гола и игра одличен фудбал.