Adis Karaca,Vesna Besiç
11 Август 2018•Ажурирај: 13 Август 2018
АНКАРА (АА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, го пофали Пол Погба поради пожртвуваноста за екипата, кој како нејзин капитен го постигна водечкиот погодок за водство на Манчестер во првиот натпревар оваа сезона против Лестер, јавува Anadolu Agency (AA).
Настапот на Французинот, кој ова лето беше поврзуван со трансферот во Барселона, беше изненадување по само 4 дена тренинг со екипата. Погба одмораше по освојувањето на титулата на Светското првенство со репрезентацијата на Франција во Русија.
Домаќинот уште во втората минута од натпреварот на Олд Трафорд се избори за удар од 11 метри, кога Даниел Амаарти со рака го запре ударот на Алексис Санчез во казнениот простор.
Погба ја презеде одговорноста и со удар во десниот горен агол го доведе Манчестер во водство од 1:0.
Во 83. минута од натпреварот, својот прв гол во кариерата го постигна Лук Шо на асистенција на Хуан Мата.
Џејми Варди го постигна единствениот погодок за Лестер во судиското продолжение 90+2.
Погба на теренот мина 84 минути, по што беше заменет со Белгиецот Маруан Фелаини. Мурињо откри дека не очекувал дека Французинот ќе мине толку време на теренот.
„Размислувавме дека 60 минути е максимум, но тој издржа повеќе од 80 минути. Одлуката беше негова. Го прашав, се стави на располагање и беше многу добар. Придонесот на Погба беше извонреден, но остана без гориво“, изјави португалскиот фудбалски стручњак.
Погба на косата имаше две ѕвезди, во знак на втората француска титула Светски првак. По досудениот удар од 11 метри, разговараше со Санчез, ја зеде топката и постигна погодок.
До напуштањето на теренот, Погба имаше најголем допир со топката и најголем број додавања од сите негови соиграчи на теренот.
„Не играв подготвителни натпревари. Се вратив во понеделникот и нозете ми беа тешки“, изјави Погба.