Doga Kirmizioglu
12 Август 2018•Ажурирај: 13 Август 2018
АНКАРА (AA) - Одбранбениот фудбалер на актуелниот шпански првак Барселона, Жерард Пике, се прости од дресот на репрезентацијата на Шпанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Пике на конференцијата за новинарите, пред натпреварот на шпанскиот Супер куп против Севилја, потврди дека веќе нема да го носи дресот на „црвената фурија“.
„Пред неколку дена за тоа разговарав со тренерот на Шпанија, Луис Енрике. Реков дека доволно размислував за напуштање на репрезентацијата и дека донесов своја одлука“, истакна 31-годишниот Пике.
Во оваа пригода им се заблагодари на сите кои му пружија поддршка во изминатиот период.
„Поминав многу убаво време во репрезентацијата. Станав европски и светски првак. Во наредниот период мојот фокус ќе биде само на Барселона“, рече искусниот шпански фудбалер.
Пике долго време беше цел на критики поради неговите ставови за Каталонија. Во дресот на Шпанија одигра 103 натпревари и постигна 5 гола.