Furkan Abdula
12 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Повеќе од 230 учесници од Македонија, Косово, Србија, Бугарија и Холандија во машка и женска конкуренција беа дел од традиционалната ноќна Атлетската улична трка „Низ улиците на Скопје - 2017" во централното градско подрачје на Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа спортска манифестација е дел од низата културни и спортски активности кои се одржуваат по повод одбележувањето на 13. ноември - Денот на ослободување на Скопје.
Ноќната атлетска трка се организираше во четири категории, машка и женска трка за средношколци на 1.200 метри, и главна трка за сениори во машка конкуренција (6.000 метри) и во женска конкуренција (4.800 метри).
Во машка конкуренција, на 6.000 метри најуспешен беше натппреварувачот Милош Ранчиќ, второ место освои Атанас Ковачевски, а третото му припадна на Кокан Ајановски.
Во женската трка на 4.800 метри, првото место и припадна на Греса Бакрачи од Косово, второ на Адријана Поп Арсова, а третопласирана беше Марго Бојаџиев.
Во трката на 1200 метри, во машка конкуренција победник беше Иван Тимчевски, второпласиран беше Матеј Драгановски а третопласиран Ријад Шаипи. Во женска конкуренција, најуспешна беше Анеса Хајдари, а зад неа беа Хајрие Азири и Викторија Тодоровска.
Инаку, традиционалната Атлетската улична трка се одржува во организација на Атлетската федерација на Македонија во соработка со Градот Скопје.