Adis Karadza,Gorana Jakovljevic
16 Март 2023•Ажурирај: 17 Март 2023
СКОПЈЕ (АА) - Наполи и Реал Мадрид се последните два тима што обезбедија пласман во четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони со победите над Ајнтрахт Франкфурт и Ливерпул, известува Анадолу.
Наполи на домашен терен со уверливи 3:0 ги совлада гостите од Германија и со вкупен резултат 5:0 се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампиони. Погодоците за Наполи ги постигнаа Осимен во 47. и 53. минута, а конечните 3:0 ги постави Зиелиски со голот постигнат од белата точка во 64. минута од средбата, со што му ја запечати судбината на германскиот претставник.
Реал Мадрид во реванш-средбата против Ливерпул не им дозволи на гостите да направат чудо по уверливата победа што ја постигнаа со 2:5 на гостинскиот терен на Енфилд. Натпреварот беше без погодок сѐ до 78. минута, кога Карим Бензема постигна гол за водство на домаќините од 1:0 и пласман во четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони.