Mutlu Demirtaştan
18 Декември 2021•Ажурирај: 19 Декември 2021
ИСТАНБУЛ
Тимот на Голден Стејт Вориорс како гостин го совлада Бостон Селтикс, додека Минесота Тимберволвс на домашен терен извојува победа над Лос Анџелес Лејкерс, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 8 натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Тимот на Голден Стејт Вориорс, лидерот на Западната конференција, извојува победа од 111:107 на гостинскиот терен на Бостон Селтикс.
Вориорс ја постигна својата 24. победа сезонава, трета во низа, а најзаслужни за тоа беа Стефен Кари, кој постигна 30 поени, 5 скока и 4 асистенции, и Ендрју Вигинс со 27 поени и 6 скока.
Во редовите на Селтикс, кои го доживеа својот 15. пораз сезонава, најдобар перформанс прикажаа Џејсон Татум со 27 поени, 8 скока и 6 асистенции и Џејлен Браун со 20 поени и 9 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот на домашен терен.
Тимот на Мајами Хит за кој настапува турскиот репрезентативец Омер Фарук Јуртсевен го совлада Орландо Меџик со резултат 115:105.
Мајами Хит, кој се наоѓа на 5-тото место во Источната конференција, ја постигна својата 18. победа сезонава.
Најпрецизни кај Хит беа Макс Струс со 32 поени и 7 скока, Гејб Винсент со 27 поени и 4 асистенции, додека Кајл Лори постигна дабл-дабл од 11 поени и 15 скока. Јуртсевер на теренот мина 21 минута и 16 секунди, постигнувајќи 5 поени и 12 скока.
Екипата на Меџик го доживеа својот 25. пораз сезонава, а најпрецизни кај домаќините беа Франц Вагнер со 27 поени, 6 скока и 4 асистенции и Гери Харис со 20 поени и 5 асистенции.
- Нов пораз на Лејкерс
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс на гостувањето кај Минесота Тимберволвс доживеа пораз од 110:92.
Најзаслужни за победата на Тимберволвс беа Карл Ентони Таун со дабл-дабл учинок од 28 поени, 10 скока, 4 асистенции и Малик Бизли и Дианџело Расел кои постигнаа по 17 поени.
Во редовите на Лејкерс, олстар-ѕвездата Леброн Џејмс постигна дабл-дабл од 18 поени, 10 скока и 5 асистенции, Ајсеа Томас постигна 19 поени и 2 скока, додека Расел Вестбрук го заврши натпреварот со 14 поени, 4 скока и 3 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Минесота.
- Резултати:
Орландо Меџик - Мајами Хит 105:115
Атланта Хоукс - Денвер Нагетс 115:133
Бостон Селтикс - Голден Стејт Вориорс 107:111
Њу Орлеанс Пеликанс - Милвоки Бакс 116:112 (во продолжение)
Јута Џез - Сан Антонио Спарс 126:128
Минесота Тимберволвс - Лос Анџелес Лејкерс 110:92
Портланд Треил Блејзерс - Шарлот Хорнетс 125:116
Сакраменто Кингс - Мемфис Гризлис 105:124.