Emre Aytekin
17 Декември 2021•Ажурирај: 18 Декември 2021
ПЕКИНГ
Осумнаесетгодишен голман од Кина, Лиу Шаозијанг, потпиша договор со најтрофејниот германски фудбалски клуб Баерн од Минхен, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лиу во Германија стигна во состав на договорот за развој на младите играчи меѓу Баерн и кинескиот клуб Вухан Три Таунс. Младиот голман така стана првиот кинески играч кој ќе игра за германскиот клуб.
Лиу, кој потпиша тригодишен договор со Баерн, ќе тренира со екипата У-19 до наредната сезона.
Баерн во текот на изминатите години отвори канцеларии во Шангај и основаше фудбалски академии во покраините Шандонг на север и Гуангдонг на јужниот дел на Кина.
Вишиот менаџер на Баерн, Оливер Кан, некогашен голман на Баерн и германската репрезентација, во изјавата за трансферот на Лиу изјави дека се среќни што нивната работа во Кина ги дала првите плодови.