Doğa Kırmızıoğlu
28 Февруари 2021•Ажурирај: 01 Март 2021
АНКАРА
Во натпреварот од американската Национална кошаркарска лига (НБА) се сретнаа Филаделфија Севентисиксерс и Кливленд Кавалирс. Кавалирс во продолжението извојува победа од 112:109, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа во НБА се одиграа 7 натпревари. Во натпреварот меѓу претставниците на Источната конференција, Кливленд Кавалирс на гостувањето во Велс Фарго центарот во нормалниот тек на натпреварот одигра нерешено 92:92, а во продолжението успеа со 3 поени разлика да ја совлада екипата на Филаделфија Севентисиксерс, лидерот на Источната конференција
Калвалирс ја постигна својата трета последователна победа, 13. оваа сезона. Најпрецизни кај гостите беа Колин Секстон со 28 поени, 5 скока и 3 асистенции, Дариус Гарланд со 25 поени, 9 асистенции и 2 скока, Исак Окоро со 15 поени, 8 скока и 3 асистенции и Џерет Ален со дабл-дабл од 14 поени, 10 скока и 3 асистенции. Охриѓанецот Џеди Осман не настапи на овој натпревар поради повреда.
Иако тимот на Севентисиксерс го претрпе својот 12. пораз сезонава, ја задржа лидерската позиција на табелата со досегашните 22 победи. Најпрецизни кај домаќините беа Џоел Ембир со дабл-дабл од 42 поени, 13 скока и 6 асистенции и Бен Симонс со 24 поени, 8 асистенции и 7 скока. Турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз, кој настапи во првата петорка, постигна 8 поени, 4 скока и 1 асистенција.
- Далас Маверикс ја прекина серијата победи на Бруклин Нетс
Далас Маверикс како гостин со 98:115 ја совлада екипата на Бруклин Нетс, која сезонава прикажува одлична игра откако ги засили своите редови со Џејмс Харден.
Кај Маверикс, кој има 16 победи и порази сезонава, најпрецизни беа Лука Дончиќ со 27 поени, 7 асистенции и 6 скока, Кристапс Порзингис со 18 поени, 4 скока и 2 асистенции, Џејлен Брансон со 14 поени и 3 скока и Тим Хардавеј Џуниор со 13 поени и 3 скока.
Бруклин Нетс од одиграните 35 натпревари оваа сезона го претрпе својот 13. пораз. Поради повреди на средбата против Маверикс не настапија Кевин Дурант и Кари Ирвинг. Џејмс Харден беше најпрецизниот играч кај домаќините со 29 поени, 7 скока и 6 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Маверикс.
- Резултати:
Филаделфија Севентисиксерс - Кливленд Кавалирс 109:112 (во продолжение)
Вашингтон Визардс - Минесота Тимберволвс 128:112
Сан Антонио Спарс - Њу Орлеанс Пеликанс 117:114
Њујорк Никс - Индијана Пејсерс 110:107
Орландо Меџик - Јута Џез 109:124
Оклахома Сити Тандер - Денвер Нагетс 96:126
Бруклин Нетс - Далас Маверикс 98:115.