Hüseyin Burak Demirer
03 Декември 2017•Ажурирај: 05 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Тимот нод Американската кошаркарска лига (НБА), Кливленд кавалиерс (Cleveland Cavaliers) го совлада својот противник, Мемфис гризлис, со што ја освоија својата 11. последователна победа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во осмото коло на НБА, Кавалиерсите на свој терен го пречекаа тимот на Мемфис гризли кој беше поразен од својот противник со резултат 116-111.
Играчот на Кавалиерс, Леброн Џејмс постигна 34 поени и 12 асистенции, Кевин Лов 20 поени и 11 скокови, кои ги следеа Џеј Ар Смит со 17 поени и Двејн Вејд со 16 поени.
Во Гризлис, кој со овој меч го освои својот 11. последователен пораз, Тајрек Еванс постигна 31 поени и 12 асистенции, додека Марк Гасол 27 поени и 6 скокови.
- Резултатите од другите натпревари се следни:
Бостон селтикс - Феникс санс: 116-111
Далас Маверикс - Лос Анџелес клиперс: 108-82
Бруклин нетс - Атланта хаукс: 102-114
Кливленд кавалиерс - Мемфис гризли: 116-111
Филаделфија 76 - Детроит пистонс: 108-103
Милвоки бакс - Сакраменто кингс: 109-104
Денвер нагетс - Лос Анџелес: 115-110
Портланд треил блејзерс - Њу Орлеанс пеликанс: 116-123