Kemal Zorlak
02 Декември 2017•Ажурирај: 03 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Во концертната сала на Државната палата на Кремљ во Москва синоќа беше одржан ждреб на групите за Светско првенство кое во 2018 година ќе се одржи во Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во осмото финале ќе се пласират по две првопласирани репрезентации од секоја од осумте групи.

Натпреварите на Светското првенство ќе се играат на 12 стадиони во 11 руски градови, со оглед дека Москва има два прекрасни објекти стадионот “Лужники" и “Откритије".
Со руската престолнина, на листа градови домаќини на Мундијалот се: Санкт Петерсбург, Калининград, Казан, Нузну Новгород, Самара, Волгоград, Саранск, Ростов на Дон, Сочи и Јекатеринбург.
Првата средба, односно отворањето на Светското првенство е на 14 јуни 2018 година на стадионот „Лужники". Финалето би требало да се игра на истиот стадион на 15 јули.