Abdulkadir Karakaya
07 Септември 2020•Ажурирај: 08 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Екипите на Лос Анџелес Лејкерс и Милвоки Бакс, кои во редовниот тек на американската Национална кошаркарска лига (НБА) беа прваци во Западната и Источната конференција, во полуфиналните натпревари на плејофот дојдоа до своите први победи, пишува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 2 натпревари во НБА. Екипата на Лос Анџелес Лејкерс во полуфиналето на плејофот на Западната конференција го совлада Хјустон Рокетс со резултат 117:109 и во серијата од 4 победи го изедначи резултатот на 1:1.
Најпрецизни во редовите на Лејкерс со дабл-дабл учинок беа Ентони Дејвис од 34 поени, 10 скока и 4 асистенции и Леброн Џејмс со 28 поени, 11 скока и 9 асистенции, станувајќи градители на победата.
Во својата професионална кариера Леброн 386 пати погоди зад линијата за три поени, искачувајќи се на второто место на листата на играчи кои постигнале најголем број тројки во средбите на НБА-плејофот, оставајќи го зад себе Реј Ален.
Во редовите на Хјустон Рокетс најпрецизни беа Џејмс Харден со 27 поени, 7 асистенции и 2 скока, Ерик Гордон со 24 поени и 3 асистенции и Пи Џеј Такер со дабл-дабл од 18 поени, 11 скока и 2 асистенции, но тоа не беше доволно повторно да се совлада Лејкерс.
- Крис Мидлтон му донесе победа на Милвоки Бакс -
Милвоки Бакс, лидерот на Источната конференција, во плејоф-средбите од полуфиналето на Конференцијата во четвртиот натпревар дојде до својата прва победа, совладувајќи го Мајами Хит со 118:115.
По водството на Мајами со 3:0, Бакс извојуваа победа за намалување на резултатот на 3:1 во серијата до 4 победи.
Крис Мидлтон имаше најзначајна улога во победата на Бакс со 36 поени, 8 скока и 8 асистенции, додека ѕвездата Јанис Антетокунпо постигна 19 поени и 4 скока, Брук Лопез 14 поени и 5 скока, додека Ерик Бледсо имаше дабл-дабл учинок од 14 поени,10 скока и 6 асистенции.
Во редовите на Мајами Хит најпрецизни беа Бам Адебајо со 26 поени, Данкан Робинсон со 20 и Џеј Краудер со 18 поени.