Süleyman Elçin
08 Септември 2020•Ажурирај: 09 Септември 2020
АНТАЛИЈА (АА) - Турскиот фудбалски клуб Фрапорт ТАВ Анталијаспор соопшти дека македонскиот фудбалер со турско потекло, Омар Имери, преминал во нивните редови, известува Агенција Анадолија (АА).
Црвено-белиот клуб преку својот профил на социјалните мрежи, под наслов „Добре дојде Омар“ го објави соопштението: „За нашиот клуб, 5-годишен договор потпиша македонскиот фудбалер од редовите на Шкендија, Омар Имери, со турско потекло. На нашиот фудбалер му пожелуваме ‘добре дојде’ и му посакуваме успех во црвено-белиот дрес.“