Hüseyin Burak Demirer
23 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Во натпревар на американската Национална кошаркарска лига (НБА), тимот на Бостон Селтикс го совлада Кливленд Кавалирс со резултат 111:101, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа пет натпревари во НБА. Натпреварот Чикаго Булс - Торонто Репторс беше одложен поради неможноста на екипата на Репторс да излезе на терен со минимум осумчлена екипа поради здравствени протоколи.
Селтикси извојуваа победа на домашен терен и ја прекинаа серијата од шест победи во низа на Кавалирс.
Најдобар играч во редовите на Селтикс беше Џејлен Браун со постигнати 34 поени, 6 скока, 3 асистенции. Важна улога во победата имаа и Роберт Вилијамс, кој постигна дабл-дабл од 21 поен, 11 скока, 7 асистенции и Џејсон Тејтум со постигнати 18 поени, 9 скока и 5 асистенции.
Кај Кавалирс најпрецизни играчи беа Дариус Гарланд со 28 поени, 6 асистенции, 3 украдени топки, Кевин Лав со дабл-дабл учинок од 18 поени, 12 скока, а турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман, постигна 13 поени и 6 скока.
- Актуелниот шампион Бакс го совлада Рокетс -
Екипата на Милвоки Бакс, актуелниот шампион на НБА, на домашен терен го совлада Хјустон Рокетс со резултат 126:106.
Најголем придонес во победата на Бакс дадоа Џру Холидеј со дабл-дабл од 24 поени, 10 асистенции, Крис Мидлтон со 23 поени, 6 асистенции, додека Демаркус Казинс и Џордан Нвора со по 18 поени.
Во редовите на Рокетс, Кристијан Вуд постигна дабл-дабл од 20 поени, 11 скока, Ерик Гордон и Кенјон Мартин постигнаа по 12 поени, додека турскиот репрезентативец Елперен Шенѓул средбата ја заврши со 10 поени, 8 скока, 4 асистенции.
- Резултати -
Бостон Селтикс - Кливленд Кавалирс 111:101
Атланта Хоукс - Орландо Меџик 98:104
Оклахома Сити Тандер - Денвер Нагетс 108:94
Милвоки Бакс - Хјустон Рокетс 126:106
Сакраменто Кингс - Лос Анџелес Клиперс 89:105