Doga Kirmizioglu
19 Декември 2018•Ажурирај: 20 Декември 2018
АНКАРА (АА) – Во Американската кошаркарска лига (НБА), Кливленд Кавалиерс со кош во последната секунда од натпреварот, на гостински терен со резултат од 92:91 ја победи екипата на Индијана Пејсерс, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 4 натпревари во НБА. Екипата на Кливленд Кавалиерс во интересен натпревар од Источната конференција, со кошот на Лери Ненс во последната секунда ја совлада екипата на Индијана Пејсерс со 92:91.
Со овој резултат Кавалиерс стигнаа до 8. победа сезонава. Родни Худ постигна 17 поени и 6 скока, Ненс дабл-дабл од 15 поени и 16 скока, а турскиот репрезентативец, охриѓанецот Џеди Осман, натпреварот го започна во првата петорка, одигра 40 минути и постигна 13 поени, 7 скока и една асистенција, и имаше значајна улога во победата на својата екипа.
Пејсерс го забележаа својот 11. пораз сезонава. Домантас Сабонис (синот на некогашната кошаркарска ѕвезда Арвидас Сабонис) постигна 17 коша и 8 скока, Бојан Богдановиќ 14 поени, Тадиус Јанг 13, додека Мајлс Тарнер имаше дабл-дабл од 12 поени и 10 скока.
- Триесет и шесте поени на Леброн беа недоволни -
Во натпреварот одигран во „Барклис Центарот“, Бруклин Нетс со победата од 115:110 над Лос Анџелес Лејкерс, стигна до 14. победа сезонава.
Во екипата на Нетс, Д’Андџело Расел против неговиот поранешен тим постигна дабл-дабл од 22 поени и 13 асистенции, заземајќи главна улога во победата. Свој придонес во победата на Нетс дадоа Џо Харис со 19 поени, Спенсер Динвиди со 18 поени и Ронда Холис-Џеферсон со 17 поени и 8 скока.
Лејкерс го забележа својот 13. пораз сезонава. Ол-стар ѕвездата Леброн Џејмс постигна дабл-дабл од 36 поени, 13 скока и 8 асистенции, Лонзо Бол 23 поени и 6 скока, додека Кајл Кузма натпреварот го заврши со дабл-дабл од 22 поени и 11 скока.
Вечерва НБА-лигата продолжува со 12 натпревари.
Резултати:
Индијана Пејсерс - Кливленд Кавалиерс 91 : 92
Атланта Хоукс - Вашингтон Визардс 118 : 110
Бруклин Нетс - Лос Анџелес Лејкерс 115 : 110
Денвер Нагетс - Далас Маверикс 126 : 118