Doğa Kırmızıoğlu
03 Февруари 2021•Ажурирај: 04 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Екипата на Торонто Репторс во рамките на натпреварите во американската Национална кошаркарска лига (НБА), благодарение на извонредната игра на Фред Ванвлит, како гостин ја совлада екипата на Орландо Меџик со 108:123, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 6 натпревари во НБА. На средбата на тимовите од Источната конференција, Торонто Репторс му гостуваше на Орландо Меџик. Фред Ванвлит на оваа средба го постави својот личен рекорд во постигнати поени, уривајќи го во исто време и клупскиот рекорд на еден натпревар, совладувајќи го Меџик со 15 поени разлика.
Во редовите на екипата на Репторс, која дојде до својата 9. победа сезонава, најпрецизен беше Ванвлит со постигна 54 поени, од кои 11 тројки. Ванвлит со 11 тројки од 14 шута се запиша во историјата на НБА како трет играч кому му пошло од рака да постигне над 75% шутови за три поени и 11 и повеќе тројки на еден натпревар. Претходно, тоа им успеало само на Стефан Кари и Зек Лавин. Покрај Ванвлит, свој придонес во победата на Репторс дадоа и Кајл Лаури со трипл-дабл учинок од 14 поени, 10 скока и 10 асистенции и Норман Пауел со 23 поени, 4 украдени топки, 2 скока и 2 асистенции.
Во редовите на екипата на Меџик, која го доживеа својот 4. последователен пораз, најпрецизни беа Никола Вучевиќ со дабл-дабл од 21 поен, 18 скока и 4 асистенции, Еван Фурније со 21 поен, 5 скока и 4 асистенции и Кол Ентони со 16 поени, 7 скока и 2 асистенции.
- Нетс победи благодарение на своите ѕвезди -
Екипата на Бруклин Нетс ја постигна својата 14. победа сезонава, совладувајќи го Лос Анџелес Клиперс во спортскиот центар „Барклејс“ како домаќин со 124:120.
Олстар-ѕвездите на Нетс прикажаа одлична игра. Џејмс Харден со трипл-дабл од 23 поени, 14 асистенции и 11 скока, Кари Ирвинг постигна 39 поени, 5 скока и 2 асистенции и Кевин Дурант со учинокот од 28 поени и 9 скока му донесоа победа на Нетс. Харден со прикажаниот перформанс на овој натпревар стана 8. играч во историјата на НБА кому му успеало да го достигне баражот од 50 трипл-дабла.
Во екипата на Клиперс, која го доживеа својот 6. пораз сезонава, Кавај Леонард постигна 33 поени, 5 скока, 5 асистенции и 4 украдени топки, Пол Џорџ 26 поени, 6 асистенции и 4 скока, Николас Батум 21 поен и 6 скока, Маркус Морис 16 поени и 4 скока, но тоа беше недоволно за да се избегне поразот од Нетс.
- Резултати:
Орландо Меџик - Торонто Репторс 108:123
Бруклин Нетс - Лос Анџелес Клиперс 124:120
Индијана Пејсерс - Мемфис Гризлис 134:116
Вашингтон Визардс - Портланд Треил Блејзерс 121:132
Јута Џез - Детроит Пистонс 117:105
Голден Стејт Вориорс - Бостон Селтикс 107:111.