Mutlu Demirtaştan
03 Февруари 2021•Ажурирај: 04 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Катар утре, на 4 февруари, започнува Светското клупско првенство 2020 што се одржува во организација на Светската фудбалска организација (ФИФА), јавува Агенција Анадолија (АА).
На отворањето на турнирот во 15:00 часот ќе се состанат мексиканскиот Тигрес и претставникот на Јужна Кореја, Улсан Хјундау, а истиот ден од 18:30 Ал-Духаил и Ал-Ахли.
Победникот на мечот Тигрес - Улсан на 7 февруари во полуфиналето ќе игра против Палмеирас, освојувачот на јужноамериканскиот Копа Либертадорес, а подобриот од дуелот Ал-Духаил - Ал Ахли ден подоцна во полуфиналето ќе ги одмери силите со освојувачот на Лигата на прваци, Баерн од Минхен.
Мечевите за трето место и финале ќе се играат на 11 февруари.
Оукленд Сити претходно се откажа од кандидатурата и од настапот на Светското клупско првенство, а домаќиниот, катарски Ал-Духаил, на тој начин си овозможи директен настап.
Светското клупско првенство требаше да биде одржано во декември 2020 година, но беше одложено поради пандемијата на Ковид-19.