Muhammed Enes Çallı
06 Октомври 2021•Ажурирај: 08 Октомври 2021
ЊУЈОРК (АА) - Кошаркарот на НБА-екипата Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг (29), не присуствуваше на тренингот на тимот вчера, откако одби да се вакцинира против коронавирусот, пренесува Агенција Анаадолија (АА).
„Кајри Ирвинг не присуствуваше на тренингот на Нетс. Ирвинг во моментов не ги исполнува условите за домашни натпревари ниту за тренинг поради задолжителната вакцинација во Њујорк“, напиша спортскиот новинар Шамс Чаранија на Твитер.
Ирвинг од Бруклин Нетс и Ендрју Вигинс од Голден Стејт Вориорс се најзвучните имиња меѓу играчите на НБА-лигата кои се противат на вакцинацијата. Иако играчите на НБА не се принудени да се вакцинираат против коронавирусот, во одредени градови како Њујорк и Сан Франциско тие не можат да играат доколку не ги имаат примено двете дози.
Американските медиуми пренесуваат дека досега се вакцинирани околу 90 отсто од играчите во НБА-лигата.