Aleksandar Savanovic
07 Октомври 2017•Ажурирај: 08 Октомври 2017
НОВИ САД (АА) - Во рамките на јубилејниот 50. Меѓународен саем на лов и риболов - Лорист, на Новосадскиот саем поставена е најголемата изложба на ловечки трофеи. Во салата 1a на Новосадскиот саем изложени се повеќе од 350 примероци на разни убиени дивечи од просторот на цела Европа, иако бројот на пријавените трофеи беше околу 500, јавува Anadolu Agency (AA).
Во саемската сала изложено е она што по стандардите на Меѓународниот совет за лов и заштита на ловечки фауни (CIC) се смета за трофеј, а тоа се рогови кога станува збор за елени, срни, диви кози и муфлони и черепи кога станува збор за други диви животни кои немаат карактеристични одбележја.
Благодарејќи на колекционерите и ловците кои за оваа изложба ги донираа своите трофеи, во изложбениот простор имаше срни, елени, елени лопатари, диви свињи, јазовци, диви мачки, рисови, волци, муфлони, диви кози и шакали.
Според Александар Чераниќ, куратор на оваа изложба и меѓународен судија за трофеи како и претставник на Светската ловечка организација, дел од изложените трофеи потекнуваат од просторите на Србија, но и дивеч отстрелан од ловците од Србија во другите земји.
„Муфлоните се од Чешка, срните од Романија, Унгарија, Шведска, дивите кози од Романија, Македонија и Унгарија. Во централниот дел се изложени актуелните прваци на Србија - срна која според бројот на бодовите од CIC е во првите десет во Европа, елен лопатар кој е меѓу првите 100, а изложен е и трофеј на шакал кој на ловното подрачје на Србија претставува новитет во последните години“, вели Чераниќ за АА.
Тој наведува дека во рамките на музејската поставка била претставена културата на ловот, бидејќи благодарејќи на ловот настанала и првата етичка норма во историјата на цивилизација, а тоа е престанок на канибализмот.
„Приказната за лов започнува во палеолитот пред 10.000 години. Во цивилизацискиот развој научивме да ловиме и научивме дека постои жива залиха на месо, па потоа почнавме да ги припитомуваме животните. Дивите кози станаа питоми, Дивите овци исто така, елените некогаш ги јававме па ги припитомивме, особено северниот елен - ирвас, лопаратите се огледуваат поради месо“, рече нашиот соговорник.
Тој додава дека стандардите на ловечките трофеи се воспоставени уште во старото камено време, бидејќи ловците денес го ставаат трофејот на подложна даска, а некогаш праисториските ловци трофејот на животните го закачувале високо на дрво со кора, за да покажат што уловиле во тој дел.
Целта била да се известат другите ловци што во тоа ловиште било уловено па така одредениот дивеч во истото ловиште да не се излови пак со цел да не останат без месо во одредени периоди од годината. Во палеолитот исхраната со месо била застапена со цели 15 отсто годишно, така што била потребна и контрола на ловот.
Како вели, ловот има свои стрго утврдени критериуми, но така било и во праисторијата, а некои животински видови како волците опстанале на Балканот благодарејќи на презноверието, додека во Европа биле потполно истребени.
„Најбројна популација на волци има на Балканот, во Србија, Македонија и Бугарија. Меѓутоа, и денес одреден број на ловци извршуваат посебен ритуал кога ќе убијат волк, бидејќи народното верување на овие краеви било дека кога ќе се убие волк умирал млад машки потомец во семејството, а кога ќе се убие срна умира некој од женските потомци. Токму тоа верување ги сочувало и спасило тие животи од истребување во овој дел на Европа“, наведува Александар Чераниќ.
Тој додаде дека колку и на некој да му изгледа нехумано од страна, ловот бил многу важен во зачувување на биолошката разновидност, бидејќи ловците се и големи еколози кои со ловот всушнот го финансираат одгледувањето на дивечот и зачувувањето на неговото природно живеалиште, а од друга страна се поизразено е влијанието на ловот врз економскиот опстанок во руралните средини бидејќи населението е вклучено во зачувување на растителниот и животински свет, и не ги третираат животните како штетници на нивните посеви.
Изложбата во Нови Сад ќе биде отворена до утре.