Aleksandar Savanovic
01 Јули 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
НОВИ САД (AA) – Јавното комунално претпријатие „Чистоќа“ од Нови Сад во Србија, од недамна ангажираше две компании за обезбедување чија задача е да ги чуваат новосадските контејнери, спречуваат уништување на металните конструкции на подземните контејнери, како и неовластено изнесување на сметот од контејнерот, јавува Anadolu Agency (AA).
Чуварите ќе спречуваат испишување на графити и лепење на плакати по контејнери, спречување и гасање на пожари. Освен тоа, ќе реагираат „на сомнителни предмети во близина на контејнери, како и сомнителни лица покрај нив". За новаа намена новосадското јавно комунално претпријатие „Чистоќа“ на агенциите за обезбедување ќе издвои околу шест милиони динари, а уличните патроли работат од 16 часот до осум наутро наредниот ден.
Ова одлука ја вознемири јавноста, па набрзо следуваше иницијатива на повеќе од 30 организации и здруженија да се отповика одлуката, бидејќи, според нивното тврдење, ја загрозува егзистенцијата на еден број луѓе кои се бават со собирање на рециклабилни секундарни суровини.
„Без оглед на фактот дека со Законот за управување со отпад и Законот за комунални дејности дефинирано е дека сопственоста над комуналниот отпад одложен во наменски контејнери му припаѓа на јавното комунално претпријатие, овој чин е атак на здравиот разум на граѓаните на Нови Сад и Србија и од аспект на хуманоста претставува бескурпулозно кршење на човековите права, од гледиште на економијата неразумна одлука, граѓаните и граѓанките со јавни пари плаќаат на приватна компанија услуга од сомнителна цел", се наведува во апелот, кој меѓу останатите, го потпиша Републичкиот синдикат на собирачи на секундарните суровини и Српската асоцијација на рециклери на амбалажен отпад.
Тие наведуваат дека 70 отсто од собирачите се припадници на ромското национално малцинство, на кои покрај големата стапна на невработеност, лошите услови на живот и етничките предрасуди е отежнато да најдат вработување во заедницата во која живеат, со што им е загрозено гравото на работа што е човеково право загарантирано со Устав.
Директорот на ЈКП „Чистоќа" Владимир Зеленовиќ нагласи дека тоа претпријатие нека да ја отповика одлуката за ангажирање на чувари на контејнерите, наведувајќи дека со таа одлука сака да го заштити имотот на градот и да спречи „криминално богатење на приватни компании кои препродаваат украдени секундарни суровини, на сметка на нашите граѓани". Тој истакна дека постојат многу богати компании за рециклажа кои за помали пари откупуваат амбалажа од собирачите на секундарните суровини, а потоа суровините преработуваат и продаваат по далеку повисока цена.
На сметка на имотот на граѓаните на Нови Сад, напоменува Зеленовиќ, овие компании стекнуваат огромен профит, притоа избегнувајќи го данокот и кршејќи го Законот за управување со отпад, бидејќи немаат ниту еден валиден документ за потекло на отпадот и неговото движење до неа, ниту собирачите на секундарни суровини имаат транспортен лист, што е законска обврска, како ниту транспортна дозвола.
Собирачите на секундарни суровини наведуваат дека повеќето од нив немаат алтернатива што се однесува на извор на приходите и дека се насочени кон оваа работа. Тие додаваат дека нивниот статус треба да се реши и дека тоа не е техничко, туку политичко прашање.
Во апелот на невладините организации по повод настанатиот проблем во Нови Сад, помеѓу другото, се апелира до Владата на Србија и надлежните министерства „да покренат процес на инклузија на неформалните собирачи на секундарните суровини, биејќи како општество сме одговорни да обезбедиме сигурна иднина како на нивните, така и на нашите деца."