Bakir Tiro
08 Декември 2017•Ажурирај: 09 Декември 2017
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - Му честитам на Кристијано Роналдо за освоената петта Златна топка. „Би сакал да имав шанса да играм со тебе во истиот тим“, напиша познатиот бразилски фудбалер Пеле (77) на својот профил на „Twitter“ (Твитер), јавува Anadolu Agency (AA).
Португалецот Роналдо синоќа ја доби петтата Златна топка за најдобар фудбалер на светот, која му ја додели Светската фудбалска асоцијација (ФИФА).
На овој начин, тој според бројот на Златните топки се изедначи со Аргентинецот Лионел Меси.
Заедно со Роналдо и Меси, меѓу најдобрите фудбалери на сите времиња, бројните спортски експерти и аналитичари го вбројуваат уште и Пеле.