Dejan Maksimoviç
22 Септември 2018•Ажурирај: 23 Септември 2018
РИМ (AA) - Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо заработува трипати повеќе отколку целиот тим на Фросиноне со кој Јувентус, в недела ќе игра во петтото коло од Серијата А, пренесува Anadolu Agency (AA).
Имано, еден од најдобрите фудбалери на денешницата, заработува 31 милиони евра годишно во Јувентус без спонзорски договори и бонуси. Од друга страна, Фросионе на годишни примања на фудбалери троши 11 милиони евра, што е третина од примањата на Роналдо.
Најскапиот играч на Фросиноне е Костариканецот Џоел Камбел, кој заработува 850.000 евра по сезона. За споредба, Роналдо неделно заработува 646.000 евра.
Натпреварот Фросиноне - Јувентус ќе се игра в недела на стадионот „Бенито Стрипе“, со почеток од 20:30 часот.
„Старата дама“ е лидер од Серијата А со максималните 12 бода.