Bakir Tiro
17 Октомври 2018•Ажурирај: 18 Октомври 2018
САРАЕВО (АА) - Бакир Тиро
Во текот на 4 кола од УЕФА Лигата на нации, во лигите А, Б, Ц и Д се одиграа 92 натпревари на кои се постигнати 213 погодоци, што претставува 2,32 погодоци на натпревар. Статистички, постигнат е погодок на секоја 41. минута по натпревар.
Според анализата спроведена од страна на Anadolu Agency, врз основа на податоците објавени на официјалната интернет-страница на УЕФА, противничките мрежи на натпреварите најмногу биле тресени во периодите од 16. до 30. минута и од 46. до 60., по 39 пати.

Очекувано, Шпанците имаат најголема прецизност на додавања, дури 92%. Следуваат репрезентативците на Белгија, со 88%.
Шпанија е најуспешна репрезентација и во процентот на поседување топка (64%). На второ место е Казахстан, со 63%, а Македонија е трета, со 60%.
Најмногу удари кон противничкиот гол упати Ерменија од Лигата Д, вкупно 89, по која следува Луксембург, со 87.
Најмногу погодоци постигнаа Луксембург и Шпанија, по 10. Следуваат Швајцарија и Грузија со по 9, а Македонија постигна 8 погодоци.
Моментално, најдобар стрелец во Лигата на нации е белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку, со 4 погодоци. Следуваат Един Џеко (БиХ), Езѓан Алиоски (Македонија) и Данел Синани (Луксембург), со по 3 постигнати погодоци.
Прв асистент е Марко Асенсио (Шпанија) со 5 додавања на стрелците. Најмногу одбрани, вкупно 30, имаше голманот Елиа Бенедетини (Сан Марино).