Hüseyin Burak Demirer
02 Октомври 2020•Ажурирај: 03 Октомври 2020
АНКАРА (AA) - Заврши извлекувањето на групите што ќе се натпреваруваат во УЕФА Лига Европа за сезоната 2020/2021, јавува Агенција Анадолија (АА).
Извлекувањето на групите во второто по важност фудбалско клупско натпреварување во Европа се одржа во седиштето на УЕФА, во швајцарскиот град Нион.
Пред извлекувањето на учесниците по групи од сезоната 2020/2021 во Лига Европа, беше прогласен најдобриот фудбалер во Лига Европа за сезоната 2019/2020. Титулата најдобар играч ја доби Ромелу Лукаку, играч на Интер, учесник на овогодишното финале.
Натпреварите по групи во Лига Европа започнуваат на 22 октомври, а ќе завршат на 10 декември. По одиграните 6 натпревари во 12-те групи со по 4 екипи, освојувачите на првото и второто место во групите ќе играат возвратен елиминациски натпревар во 16-финалето од Лигата.
Почнувајќи од 16-финалето на Лига Европа, екипите ќе играат по две средби, и победниците, според системот на елиминација, ќе продолжат да напредуваат сѐ до финалето.
Се планира финалето на УЕФА Лига Европа да се одржи во полскиот град Гдањск, на истоимениот стадион.
- 12-те групи во Лига Европа формирани по извлекувањето:
Група А: Рома, Јанг Бојс, Клуж, ЦСКА Софија
Група Б: Арсенал, Рапид Виена, Молде, Дандалк
Група Ц: Баер Леверкузен, Славија Прага, Хапоел Беер Шева, Ница
Група Д: Бенфика, Стандард Лиеж, Глазгов Ренџерс, Лех Познан
Група Е: ПСВ Ајндховен, ПАОК, Гранада, Омонија
Група Ф: Наполи, Реал Сосиедад, АЗ Алкмар, Риека
Група Г: Брага, Лестер Сити, АЕК, Зорја Луганск
Група Х: Селтик, Спарта Прага, Милан, Лил
Група И: Виљареал, Карабах, Макаби Тел Авив, Демир Груп Сивасспор
Група Ј: Тотенхем, Лудогорец, ЛАСК, Антверпен
Група К: ЦСКА Москва, Динамо Загреб, Фејенорд, Волфсбергер
Група Л: Гент, Црвена Ѕвезда, Хофенхајм, Слован Либерец