Kemal Zorlak
02 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Октомври 2020
САРАЕВО
Синоќа се одиграа натпреварите од плејофот за пласман во групната фаза во УЕФА Лига Европа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Одиграни се вкупно 21 натпревар од плејофот на Лига Европа, во кои 42 клуба се бореа за пласман во групната фаза на ова натпреварување.
Синоќа Милан и Рио Аве одиграа несекојдневен натпревар. Натпреварот во регуларниот тек на средбата заврши 1:1, по што се играа две продолженија. На почетокот на првото продолжение, веќе во 91. минута, Рио Аве поведе со 2:1. И кога секој помислуваше дека Милан е елиминиран, во 120. минута беше досуден удар од белата точка за Милан, кој турскиот интернационалец Хакан Чалханоглу го претвори во погодок и го изедначи резултатот на 2:2.
По продолженијата се замина на изведување удари од 11 метри, поради кои натпреварот траеше сѐ до полноќ. Изведени беа 24 удари од белата точка, а Милан го совлада Рио Аве со 8:9 и обезбеди пласман во групната фаза на Лига Европа.
Тотенхем, кој во 3. квалификациско коло го елиминира македонскиот претставник Шкендија со 7:2, го совлада Макаби Хаифа, додека турскиот претставник Галатасарај загуби со 1:2 од Глазгов Ренџерс.
Резултати од синоќа одиграните натпревари во плејофот на Лига Европа:
Рио Аве - Милан 10:11
Динамо - Флора 3:1
Арарат - Црвена Ѕвезда 1:2
Клуж - Купс 3:1
Ројал Шарлероа - Лех 1:2
Либерец - АПОЕЛ 1:0
Малме - Гранада 1:3
Розенборг - ПСВ 0:2
Хапоел Беер Шева - Плзен 1:0
Динамо Брест - Лудогорец 0:2
Копенхаген - Риека 0:1
Легија - Карабах 0:3
Сараево - Селтик 0:1
Стандард Лиеж - Видеотон 3:1
Базел - ЦСКА Софија 1:3
Дандалк - Клаксвик 3:1
Јанг Бојс - Тирана 3:0
АЕК - Волфсбург 2:1
Глазгов Ренџерс - Галатасарај 2:1
Спортинг - ЛАСК 1:4
Тотенхем - Макаби Хаифа 7:2