Ercan Çakar
02 Јуни 2022•Ажурирај: 03 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Португалскиот фудбалски експерт Хорхе Жесус ќе го тренира турскиот прволигаш Фенербахче во сезоната 2022/2023, соопштено е од клубот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението е наведено дека со 67-годишнииот експерт е постигнат договор за следната сезона.
Во текот на богатата кариера Жесус беше тренер на Брага, Бенфика, Спортинг СП Лисабон, Ал Хилал и Фламенго, а има освоено вкупно 19 национални и меѓународни трофеи.
„На тренерот на Фенербахче, Хорхе Жесус, му посакуваме сезона во која ќе го впише своето име во нашата славна историја со нашиот тим и нашите сјајни навивачи“, порачаа од истанбулскиот клуб.
Жесус за една сезона ќе добие загарантирана заработка од 3 милиони евра.