Recep Şakar
14 Март 2019•Ажурирај: 15 Март 2019
МЕЛБУРН (АА) - Долгогодишниот директор на трката Формула 1, Чарли Витинг, почина утринава во Австралија на 66-годишна возраст, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународната автомобилистичка федерација (FIA) соопшти дека Витинг починал по ненадејна белодробна емболија.
Витинг почина во Мелбурн, каде што за три дена ќе започне првата трка на новата сезона на Формула 1.
Првиот човек на ФИА, Жан Тод, изјави дека изгубил долгогодишен пријател и колега, и дека неговата смрт е ненадоместлива загуба за Формула 1 и за автомобилистичкиот спорт воопшто.
„Формула 1 изгуби верен пријател и харизматичен амбасадор“, порача Тод.
Витинг кариерата во Формула 1 ја започна во далечната 1977 година во тимот Хаскет, а на функцијата директор на трката беше од 1997 година.