Selçuk Buğra Gökalp
15 Декември 2022•Ажурирај: 16 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Светското првенство во фудбал 2022, кое завршува в недела, забележа многу работи кои се случија и се воведени за првпат во историјата. Неколку нови правила и апликации првпат се воведени на првенството во Катар, пишува Агенција Анадолија (АА).
- Различен регион, различно годишно време -
Светското првенство во фудбал 2022 е првото Светско првенство во историјата што се одржува во арапска земја.
Поради различноста на регионот, кој има топла клима, „Катар 2022“ мораше да се одржи во различно годишно време поради екстремните температури што земјата ги има во лето. Така меѓународната фудбалска организација одлучи да се одржи во периодот меѓу ноември и декември кога температурите се пониски.
- Повеќе играчи, повеќе замени -
На првенството оваа година ФИФА го зголеми бројот на фудбалери во секоја екипа од 23 на 26.
ФИФА во одбрана на оваа промена рече дека е потребно да се задржи дополнителна флексибилност поради уникатното временско усогласување на Светското првенство.
Светското првенство дозволи пет замени по тим и на „Катар 2022“.
Во УЕФА и неколку европски фудбалски лиги, бројот на дозволени замени веќе некое време е ограничен на пет, што се случува за првпат во историјата на Светско првенство.
Правилото „Голман со стапало на линија“ се примени и на Светското првенство оваа година.
Според ова правило, голманите треба да имаат барем дел од стапалото на линијата за време на изведување пенал.
- Напредна технолошка помош -
На претходното Светско првенство на ФИФА во 2018 година, видеопомошниот судија (ВАР) беше претставен на фудбалската заедница, а оваа година ФИФА ја унапреди технолошката помош.
„Полуавтоматска офсајд технологија“ беше новиот технолошки асистент претставен на „Катар 2022“.
Околу 12 камери, кои следат 29 различни делови од телото на секој играч, работат на прикажување на можен офсајд и прикажување во 3Д-анимација во оваа нова технологија.
Исто така, топките што се користат во меѓународната организација вклучуваат микрочип и сензори за насетување на секој допир и движење.
Сензорите станаа тема за која се дискутираше на натпреварот од групата Х помеѓу Португалија и Уругвај. Во првиот гол Кристијано Роналдо се чинеше дека погоди гол со глава со асистенција на Бруно Фернандез. Но подоцна, голот го доби Бруно Фернандез бидејќи репризите и сензорите за топка докажаа дека Роналдо воопшто не ја допрел топката.
- Жени судии -
Стефани Фрапар од Франција, Салима Мукансанга од Руанда и Јошими Јамашита од Јапонија се први жени судии кои судат на натпреварите на Светското првенство 2022.
Французинката Фрапар стана првата жена што суди на машки натпревар на Светското првенство на ФИФА, натпреварот од групата Е меѓу Костарика и Германија кој се одржа на 1 декември.
На натпреварот ѝ помагаа две жени, помошни судии, Бразилката Неуза Бак и Карен Дијаз од Мексико.
- Мароко влезе во историјата на фудбалот -
Африканската држава Мароко испиша историја на Светското првенство во Катар.
По завршувањето на групата Ф, во која беа Хрватска, Белгија и Канада, Мароко ја совлада една од помоќните сили на првенството, Шпанија, во осминафиналето со пенали.
Во четвртфиналето Мароко ја совлада Португалија со 1:0 со голот на Јусеф Ен-Несири и се пласира во полуфиналето. Таа стана првата африканска и арапска земја што стигнала до полуфинале во историјата на светските првенства.
По елиминацијата од Франција со 0:2 синоќа, Мароко в сабота ќе ги одмери силите со Хрватска за бронзениот медал.