АНКАРА
- Хусеин Бурак ДЕМИРЕР
Викендов продолжија натпреварите во фудбалските национални лиги во Европа. Ви ги претставуваме резултатите на петте најголеми фудбалски лиги во Европа, Премиер лига (Англија), Ла лига (Шпанија), Серија А (Италија), Бундеслига (Германија) и Лига 1 (Франција).

- Премиер лига
Ливерпул, кој се наоѓа на лидерската позиција во Премиер лигата, во текот на неделата го одигра откажаниот натпревар против Вест Хем Јунајтед, совладувајќи го со 2:0, за викендов да го одигра натпреварот од редовното коло, при што со резултат 4:0 го совлада Саутхемтон.
Победата над Саутхемтон е 16. последователна победа на Ливерпул, кој со тоа ја продолжи својата серија без пораз, постигнувајќи скор од 24 победи и една нерешена средба на 25 натпревари сезонава, зголемувајќи ја предноста пред останатите тимови во Премиер лигата на 22 бода.
Тотенхем на домашен терен го пречека второпласираниот Манчестер Сити, совладувајќи го со резултат од 2:0.
Третопласираниот Лестер Сити како домаќин одигра нерешено 1:1 против четвртопласираната екипа на Челси.
По 25. коло во Премиер лигата, на врвот од табелата се наоѓа Ливерпул со 73 бода. Следуваат Манчестер Сити со 51 бод, Лестер Сити со 49, Челзи со 41 и Тотенхем со 37 бода.
- Ла лига
Екипата на Реал Мадрид кој минатата недела го презеде водството од Барселона, на домашен терен во градското дерби ја совлада екипата на Атлетико Мадрид со 1:0.
Барселона му беше домаќин на Леванте, а победата од 2:1 на Барселона ѝ ги донесоа погодоците на 17-годишниот Ансу Фати.
Гетафе како гостин успеа да го совлада Атлетико Билбао со 0:2, додека Севилја на домашен терен одигра нерешено, 1:1 против Алавес.
Вајадолид на гостинскиот терен на Мајорка извојува победа од 0:1.
По 22. коло во шпанската Ла лига, на врвот од табелата се наоѓа Реал Мадрид со 49 бода. Следуваат Барселона со 46, Гетафе и Севилја со 39, Валенсија со 37 и Атлетико Мадрид со 36 бода.
- Серија А
Лидерот Јувентус на домашен терен ја пречека екипата на Фиорентина. Домаќините извојуваа победа од 3:0, а светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо постигна 2 погодока. Со овие погодоци Роналдо успеа да постигне погодоци на 9 последователни натпревари, со што го повтори успехот на Дејвид Трезеге од 2005 година.
Интер како гостин го совлада Удинезе со 0:2, а Лацио со резултат од 5:1 го совлада СПАЛ.
Милан на домашен терен одигра нерешено, 1:1 против Верона.
По 22 кола во Серија А, Јувентус се наоѓа на лидерската позиција со 54 бода. Следуваат Интер со 51 бод и натпревар помалку, Лацио со 49, Атланта и Рома по 39.
- Бундеслига
Лајпциг, кој пред последното коло викендов беше лидер во Бундеслигата на домашен терен одигра нерешено, 2:2 против Борусија Минхенгладбах.
Тоа го искористи Баерн Минхен и со победата на гостувањето во Мајнц од 1:3 се искачи на лидерската позиција.
Борусија Дортмунд, благодарение на 2 погодока на Ерлинг Халанд кој премина во овој клуб во зимскиот преоден рок, со 5:0 го совлада Унион Берлин.
Халанд (19) во своите први три натпревари во Бундеслигата постигна 7 погодоци, со што стана првиот фудбалер кому тоа му успеало.
Ајнтрахт Франкфурт одигра нерешено, 1:1 против Фортуна Дизелдорф.
По 20. коло во Бундеслигата, Баерн Минхен се најде на водечката позиција со 42 бода. Следуваат Лајпциг со 41, Борусија Дортмунд и Борусија Минхенгладбах со 39 и Баер Леверкузен со 34 бода.
- Лига 1
Париз Сен Жермен, лидерот во француската фудбалска Лига 1, на домашен терен со 5:0 ја совлада екипата на Монпелје.
Олимпик Марсеј на гости во Бордо одигра без погодоци, 0:0. Рен на домашен терен го совлада Нант со 3:2.
По 22. коло во француската фудбалска Лига 1, Париз Сен Жермен се наоѓа на врвот со 55 бода. Следуваат Олимпик Марсеј со 43, Рен со 40, Лил со 34 и Монпелје со 33 бода.