Dejan Maksimoviç
13 Април 2017•Ажурирај: 14 Април 2017
ЛОНДОН (АА) - Здружението на професионални фудбалери на Англија објави кратка листа на шест кандидати за најдобар играч на годината, на која меѓу другите се наоѓа и Златан Ибрахимовиќ (35), напаѓачот на Манчестер Јунајтед, јавува Anadolu Agency (AA).
Освен Ибрахимовиќ, на листата се наоѓаат Еден Азар (Челзи), Алексис Санчез (Арсенал), Хари Кејн (Тотенхем), Ронел Лукаку (Евертон) и Н’Голо Канте (Челзи).
Најдобриот играч за 2017 година во Англија ќе биде објавен на 23 април, на гала вечерата на ПФА во Лондон.