Mutlu Demirtaştan
06 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
ПАРИЗ (АА) - Францускиот фудбалски клуб Париз Сен Жермен ја прекина соработката со шпанскиот играч Хесе Родригез, пренесува Агенција Анадолија (AA).
ПСЖ потврди дека е раскинат договорот, што важеше до крајот на сезоната, со 27-годишниот напаѓач.
Хесе во ПСЖ премина од Реал Мадрид во 2016 година со трансферот вреден 25 милиони евра, но не ги исполни очекувањата на управата на францускиот клуб.
Тој беше на позајмица во шпанскиот Лас Палмас, во Реал Бетис, во англискиот Стоук Сити и на крај во португалскиот Спортинг Лисабон, за да се врати потоа во ПСЖ на почетокот од оваа сезона.
Шпанецот, кој може да игра во напад и на крило, во ПСЖ одигра 18 натпревари и постигна два гола.