Dejan Maksimoviç
21 Мај 2016•Ажурирај: 22 Мај 2016
САРАЕВО (AA) – Христо Стоичков, веројатно најдобриот фудбалер на Бугарија на сите времиња на спектакуларен начин го прослави својот 50 роденден пред 40.000 луѓе, на стадионот "Васил Левски" во Софија, јавува Anadolu Agency (AA).
На прославата дојдоа великаниот на светскиот фудбал Паоло Младини, Жан Пјер Папин, Иван Заморано, Џорџ Хаги, Деметрио Албертини Димитар Бербатов, Мартин Петров и други. Во натпреварот на неговиот тим под назив "8" и светските sвезди победи домаќинот и славеникот со резултат 4:1.
„Сакам да им се заблагодарам на моите колеги, тренери, пријатели кои беа со мене. Оваа величанствена публика не поддржуваше и во тешките моменти. Играв на различни места на светот, Шпанија, Италија ... Меѓутоа, ваква публика нема никаде", рече Стоичков за локалните медиуми.
Легендарниот фудбалер ја истористи приликата и оддаде почит и се сети на својот соиграч и пријател Трифон Иванов, кој на 13 февруари ненадејно полина во 50 година од животот. Стоичков не можеше да ги сокрие солзите кога на теренот се појавија децата на Трифон во дресот на репрезентацијата на Бугарија.