Hüseyin Eroğul
03 Септември 2019•Ажурирај: 04 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Колумбискиот фудбалски ас Радамел Фалкао официјално стана нов играч на истанбулскиот Галатасарај, јавува Anadolu Agency (AA).
Раководството на Галатасарај, актуелниот првак на Турција, соопшти дека Фалкао како слободен играч го потпишал тригодишниот договор и станал нов член на тој тим.
Во соопштението се наведува дека Фалкао за трансферот ќе заработи пет милиони евра.
Капитенот на Колумбија и досегашен фудбалер на Монако, во придружба на сопругата Лорелеи Тарон и ќерката пристигна во Истанбул за да се состане со челниците на Галата, а на аеродромот „Ататурк“ го дочекаа неколку илјади навивачи.
Навивачите на аеродромот започнаа да се собираат веќе напладне, а вистинската навивачка еуфорија настапи кога Фалкао се појави со шал на Галатарасај, а во прегратките ги држеше ќерките кои носеа црвено-жолт дрес.
Искусниот 33-годишен Фалкао во кариерата настапуваше во повеќе големи клубови, вклучувајќи ги Ривер Плата, Порто, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед и Челси.