02 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
МАДРИД (АА) - Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, поради репрезентативната пауза ќе има на располагање 12 играчи, од кои петмина се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Кралскиот клуб“ ќе ги продолжи подготовките за следниот меч во лигата на гости кај Леванте, кој е на програмата за две недели, и покрај тоа што дури 14 играчи поради репрезентативни обврски го напуштија тренинг-кампот.
„Натпреварот против Леванте е клучен за враќањето на Реал, особено по вчерашното реми со Виљареал (2 : 2)“, пишува „Марка“.
Сепак, Зидан во наредните денови ќе има на располагање само 12 играчи меѓу кои Алваро Одриозола, Начо, Марсело, Ферланд Менди, Карим Бензема, Маријано и Лукас Васкез.