Hüseyin Burak Demirer
19 Октомври 2020•Ажурирај: 21 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - ХУСЕЈИН БУРАК ДЕМИРЕР -
Најуспешна екипа во новата фудбалска сезона, што започнува утре во УЕФА Лигата на шампиони, е шпанскиот клуб Реал Мадрид со освоени 13 шампионски титули, пишува Агенција Анадолија (АА).
Тимот на Реал Мадрид досега 13 пати го има освоено трофејот на Лигата на шампиони, најпрестижната клупска фудбалска титула на Европа, и тоа во 1956, 1957, 1958, 1959, 1960, 1966, 1998, 2000, 2002, 2014, 2016, 2017 и 2018 година, со што е најуспешниот клуб во историјата на ова натпреварување.
Екипата на Реал загуби во финалните натпревари што ги играше во ова престижно натпреварување во 1962, 1964 и 1981 година.
- 41 тим играа финале, 22 го освоија трофејот -
Тимот на Париз Сен Жермен, учествувајќи во овогодинешното финале, стана 41. екипа финалист во ова натпреварување. Досега 22 екипи успеаја да го освојат овој трофеј.
- Шпанците рекордери -
Купот на шампионите на Европа во сезоната 1992/93 година се преименува во УЕФА Лига на шампиони. Според освоените шампионски трофеи, Шпанија е најуспешна држава во Европа.
Шпанските екипи во досегашните натпреварувања имаат освоено 13 трофеи во Лигата на шампиони. Следуваат Англија со 13, Италија со 12, Германија 8, Холандија 6, Португалија 4, додека екипите од Франција, Романија, Шкотска и Југославија по еднаш имаат освоено трофеј.