Emrah Oktay
20 Септември 2019•Ажурирај: 21 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот борач Таха Акѓул стигна до финалето на Светското првенство во борење, јавува Anadolu Agency (AA).
Во полуфиналето од Светското првенство во борење во слободен стил, што се одржува во Нур Султан, Казахстан, во конкуренција од 25 килограми, турскиот борач Таха Акѓул го совлада кинескиот претставник со резултат од 5 : 0 и се пласираше во финале.
Таха уште во првото полувреме воспостави супериорност и се здоби со водство од 5 : 0. Истиот резултат го зачува и во второто полувреме. На тој начин својот противник го совлада со резултат од 5 : 0. Таха Акѓул утре во финалето за златниот медал ќе се бори со Грузиецот Гено Петриашвили.