Hüseyin Burak Demirer
20 Јуни 2018•Ажурирај: 20 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Вчера, на шестиот ден од Светското фудбалско првенство Русија 2018 се одиграа 3 натпревари, пишува Anadolu Agency (AA).
Во групата Х се сретнаа репрезентациите на Колумбија и Јапонија. Репрезентативецот на Колумбија, Карлос Санчез Морено, во 3. минута од натпреварот играше со рака во шеснаестерецот, по што судијата му додели црвен картон и досуди удар од 11 метри. Шинџи Кагава го искористи ударот од 11 метри и Јапонија поведе со 1 : 0. Колумбиецот Хуан Фернандо Кинтеро во 39. минута од натпреварот го изедначи резултатот на 1 : 1. Со тој резултат се замина на полувреме. Во вториот дел, во 73. минута од натпреварот, Јуја Осако постигна погодок за водство на Јапонија од 2 : 1. Со оваа победа Јапонија стана првата азиска репрезентација која на едно светско првенство совладала репрезентација од Јужна Америка.
Во вториот натпревар од групата Х, Сенегал ја совлада Полска со резултат 2 : 1. По ударот на Идриса Гај, Полјакот Тиаго Чонек во 37. минута постигна автогол за водство на Сенегал од 1 : 0, а во 60. минута водството беше зголемено на 2 : 0 со погодокот на Мбае Нијанг. Григориј Криховјак во 86. минута од натпреварот намали на 2 : 1, но Полска не успеа да го избегне поразот.
Во групата А, домаќинот Русија играше против репрезентацијата на Египет. Првото полувреме заврши без погодоци 0 : 0, а на самиот почеток на второто полувреме, во 47. минута Русија поведе со 1 : 0 по автоголот на Египќанецот Ахмед Фати. По постигнатиот погодок, Русија наметна голем притисок врз голот на Египет и за 15 минути имаше предност од 3 : 0. Погогодоците ги постигнаа Денис Черишев во 59-та и Артем Џуба 62-та минута. Мохамед Салах по досудениот пенал за Египет, со ударот од 11 метри успеа да го намали водството на Русија на 3 : 1. Русија ја извојува својата втора победа во групата и во моментов има 6 поени.

- Денеска на програмата -
Во седмиот ден од Светското фудбалско првенство, денес ќе се одигра заостанатиот натпревар од групата А и два натпревари од групата Б.
Група А
17:00 Уругвај - Саудиска Арабија (стадион „Ростов“ - Ростов на Дон)
Група Б
14:00 Португалија - Мароко (стадион „Лужинки“ - Москва)
20:00 Иран - Шпанија (стадион „Казањ Арена“ - Казањ)
