AP
16 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
ТОКИО (АА) - Јапонскиот јавен ТВ-сервис погрешно ги предупреди граѓаните за наводно лансирање на севернокорејска ракета и ги повика што побрзо да пронајдат засолниште. Ова се случи неколку дена по сличната грешка на Хаваите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Телевизијата НХК (NHK) денес објави порака на интернет, на мобилните вести и преку Твитер (Twitter), соопштувајќи дека Северна Кореја истрелала проектил кон Јапонија. Во пораката е нагласено дека Владата ги повикала граѓаните да пронајдат засолниште.
Лажната тревога во Јапонија се случи два дена откако Одделот за итни случаеви на Хаваите упати погрешно предупредување за севернокорејски напад на мобилните телефони ширум државата, што предизвика паника меѓу граѓаните.
По неколку минути НХК ја избриша пораката, издаде исправка и неколкупати се извини. Јапонскиот јавен ТВ-сервис соопшти дека до недоразбирање дошло поради грешка при користење на системот за предупредување.