Oktaj Omeragikj
09 Октомври 2020•Ажурирај: 10 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Денеска се играат двата полуфинални натпревари на АТП-тенискиот турнир Роланд Гарос во Париз, известува Агенција Анадолија (АА).
Во Париз продолжуваат средбите на Гренд-слем турнирот Роланд Гарос. Во машка конкуренција денеска се играат две полуфинални средби. Во првото полуфинале се среќаваат Аргентинецот Диего Шварцман и Шпанецот Рафаел Надал, а средбата ќе започне во 14:50 часот. Вториот полуфинален натпревар меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ и Гркот Стефанос Циципас е закажан за 17:00 часот.
Победниците од овие два дуела в недела ќе играат во финалето на Роланд Гарос. Почетокот на овој дуел е закажан во 15:00 часот.
В сабота се игра женското финале на Роланд Гарос. Во ова финале се среќаваат Полјачката Ига Свјонтек и Американката Софија Кенин. Својнтек во полуфиналето ја совлада Аргентинката Надја Подороска, додека Кенин беше подобра од Чехинката Петра Квитова. Финалниот дуел започнува во 15:00 часот.