Hüseyin Burak Demirer
10 Јуни 2022•Ажурирај: 11 Јуни 2022
АНКАРА - Светскиот шампионат во Формула 1 викендов продолжува со 8. трка сезонава. На програмата е трката за Големата награда на Азербејџан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Осмата трка сезонава ќе се вози по улиците на Баку, главниот град на Азербејџан, на патеката долга 6.003 метри.
Трката за полпозициите на Големата награда на Азербејџан започнува утре во 16:00 часот. Стартот на трката во Формула 1 е закажан за в недела, 12 јуни, со почеток во 13:00 часот, а возачите со своите болиди ќе се натпреваруваат кој прв ќе ги извози 51 круг на патеката во Баку.

Во досега одржаните 7 трки од Светското првенство во Формула 1, Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, извојува четири победи, Шарл Леклер од Ферари победи на две, а Серџо Перез од Ред Бул победи на една трка.
Пласман на првите 5 возачи и тимови во Формула 1:
– Возачи
1. Макс Верстапен (Холандија): 125 поени
2. Шарл Леклер (Монако): 116
3. Серџо Перез (Мексико): 110
4. Џорџ Расел (Велика Британија): 84
5. Карлос Саинс (Шпанија): 83
– Тимови
1. Ред Бул: 235 поени
2. Ферари: 199
3. Мерцедес: 134
4. Мекларен: 59
5. Алфа Ромео: 41