Selçuk Buğra Gökalp
11 Декември 2024•Ажурирај: 13 Декември 2024
АНКАРА (АА) - Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Светското првенство 2034 во фудбал, објави ФИФА за време на денешниот вонредниот конгрес, јавува Анадолу.
Саудиска Арабија ќе стане втора земја од Блискиот Исток што ќе биде домаќин на најголемиот меѓународен фудбалски турнир, по Катар 2022.
Планирано е натпреварите да се одржат на 15 стадиони во пет града домаќини - Ријад, Џеда, Хобар, Абха и Неом.
Светското првенство 2034 ќе биде прво натпреварување со 48 екипи во својата историја.
- Светското првенство 2030 во фудбал ќе се одржи во три земји -
Мароко, Португалија и Шпанија ќе бидат заеднички домаќини на Светското првенство 2030 во фудбал.
Уругвај, Аргентина и Парагвај ќе бидат домаќини на специјалните игри за прослава на стогодишнината што ќе бидат дел од Светското првенство 2030.
Светскиот куп на ФИФА е најголемо меѓународно натпреварување во машки фудбал што се одржува на четири години од првиот турнир во 1930 година, со исклучок на 1942 и 1946 година поради Втората светска војна.