Dejan Maksimoviç
14 Јули 2018•Ажурирај: 15 Јули 2018
САНКТ ПЕТЕРСБУРГ (AA) – Фудбалската репрезентација на Белгија освои бронзен медал на Светското првенство во Русија. Во борба за трето место денеска на стадионот Крестовски во Санкт Петерсбург, Белгија ја совлада Англија со резултат 2:0, јавува 2:0 (1:0), јавува Anadolu Agency (AA).
Со овој триумф белгиската репрезентација стаса до најголемиот успех во историјата. Томас Меуниер уште во четвртата минута од натпреварот, на асистенција на Насер Чадили, им донесе водство фудбалерите на Белгија.
Најдобра шанса за изедначување Англичаните имаа во 66 минута кога Ерик Диер го совлада белгискиот голман, но Тоби Алдевеирелд со одлична реакција ја оддалечи топката од гол линијата. Прашањето на победникот го реши Еден Хазард со голот во 82 минута.
Финалето од Светското првенство помеѓу Хрватска и Франција ќе се игра во недела на московскиот стадион Лужники со почеток од 17 часот.