Abdulkadir Karakaya
11 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Утре по плеј-оф натпреварите од квалификациите, ќе бидат познати последните четири учесници на Европското фудбалско првенство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Поради пандемијата на новиот тип на коронавирус, Европското фудбалско првенство е одложено за 2021 година, а последните учесници на првенството ќе бидат познати по четирите финали плеј-оф натпревари што ќе се играат утре.
Репрезентацијата на Северна Македонија утре ќе го одигра својот историски натпревар против репрезентацијата на Грузија. Со победа на овој натпревар, репрезентацијата на Северна Македонија, за прв пат во својата историја би обезбедила учество на Европско фудбалско првенство.
Програма на финалните средби од плеј-офот за пласман на ЕВРО 2020 што се играат утре:
18:00 Грузија - Северна Македонија
20:45 Унгарија - Исланд
20:45 Северна Ирска - Словачка
20:45 Србија - Шкотска