Dejan Maksimoviç
29 Јуни 2018•Ажурирај: 29 Јуни 2018
БЕЛГРАД (AA) – „Горан Буњевчевиќ, поранешниот репрезентативец на Сојузна Република Југославија, почина во четврток вечерта во 46. година од животот, од последици на излив на крв во мозокот“, соопшти Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), пренесува Anadolu Agency (AA).
Во моментот на смртта, Буњевчевиќ ја извршуваше функцијата спортски директор на ФСС.
„Човекот кој поради големите човечки квалитети го почитуваа сите, остави зад себе голема трага како капитен на Црвена ѕвезда, репрезентативец, а потоа и како успешен функцонер. Со нашиот Горан, Србија по осум години повторно се пласираше на големо натпреварување, Светското првенство во Русија. Во една мајска ноќ му се слоши, следуваше борба, онаа најтешката, во која за жал не победи. Фудбалска Србија жали, бидејќи загуби еден од најдобрите фудбалски работници, сјајна личност, голем професионалец, човек кој со својата работа и однесување беше пример“, соопштија од ФСС.
Некогаш одличниот дефанзивец во текот на неговата кариера настапувал за Рад, Црвена ѕвезда, Тотенхем Хотспур и АДО Ден Хаг. Во помладите категории беше член на Хајдук, Динамо од Загреб и Графичар. Кариерата ја заврши во 2007 година во Холандија.
Горан Буњевчевиќ е роден на 17 февруари 1973 година во Карловац.