Ahmet Furkan Mercan
23 Јули 2021•Ажурирај: 24 Јули 2021
ТОКИО (АА) - Бројот на акредитирани лица за Олимписките игри во Токио кои се заразени со коронавирусот е зголемен на 106, јавува Агенција Анадолија (АА).
Организацискиот комитет соопшти дека коронавирусот е потврден кај уште 19 лица кои допатувале во Јапонија за да присуствуваат на Олимписките игри.
Меѓу 19-те заразени се наоѓаат и тројца спортисти и тројца претставници на медиумите, на кои им е одредена мерка изолација.
Со тоа бројот на заразени лица акредитирани за Олимписките игри се зголеми на 106.
Церемонијата на отворање на Олимписките игри, кои поради пандемијата беа пролонгирани за летово 2021 година, ќе започне денеска во 13:00 часот по средноевропско време.