Doga Kirmizioglu
07 Јули 2018•Ажурирај: 08 Јули 2018
АНКАРА (AA) - Францускиот кошаркар Тони Паркер, кој од 2001 година настапуваше за екипата на НБА, Сан Антонио Спарс, по 17 години ќе го смени клубот и кариерата ќе ја продолжи во екипата Шарлот Хорнетс, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од клубот од Сан Антонио е предвидено дека францускиот плеј-мејкер, кој за овој клуб настапувал во периодот од 2001 до 2018 година, кариерата ќе ја продолжи во Шарлота Хорнетс. Од Спарс му се заблагодарија на Паркер за придонесот кој го дал за овој клуб.
Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Попович, истакна дека Тони Паркер е многу важен играч за историјата на овој клуб.
„Зборовите се недоволи за да се опише она што Тони го направи за Спарс. На свои 19 години го одигра првиот натпревар и оттогаш секој од нив го играл со голема страст и посветеност. Му благодарам за сè што направи во овие 17 години. Наша желба е неговото продолжување на кариерата во Шарлота да биде успешно“, порача тренерот Попович.
Американските медиуми објавија дека поранешниот кошаркар Мајкл Џордан, кој е сопственик на Шарлота Хорнест, на Паркер му понудил договор на две сезони, во вредност од 10 милиони долари, што Французинот го прифатил.
Паркер со Спарс освои четири шампионати, и тоа во 2003, 2005, 2007 и 2014 година.