Dejan Maksimoviç
07 Јули 2018•Ажурирај: 08 Јули 2018
КАЗАН (АА) - Фудбалската репрезентација синоќа постигна голема победа против Бразил, со 2:1, и стигна до полуфиналето на Светското првенство, за првпат по Мундијалот во Мексико во 1986 година. Селекторот Роберто Мартинез, по големата победа не го криеше своето задоволство, истакнувајќи дека неговите момци заслужуваат да бидат херои, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тоа беше неверојатно. Тие покажаа неверојатна борбеност на терен. Ниту во еден момент не се посомневав дека нивното срце ќе попушти. Мора да прифатите дека Бразил има толку многу квалитет и финеси да ве разбијат, но ние не го прифативме тоа. Ниту една минута не се предадовме. Овие момци заслужуваат да бидат херои во Белгија. Нивната изведба на нашата тактика беше прекрасна. Ова е навистина нешто посебно. Мислам дека оваа победа над Бразил ќе се зборува со генерации“, изјави Мартинез.
Белгија во полуфиналето на Светското првенство во Русија ќе се сретне со Франција на 10 јули на стадионот „Крестовски“ во Санкт Петербург.