Hilmi Sever
07 Јули 2018•Ажурирај: 08 Јули 2018
КАЗАН (АА) - Белгија во четвртфиналето во Светското фудбалско првенство во Русија победи против Бразил со резултат 2:1, и со тоа се пласираше во полуфиналето во кое за противник ќе ја има Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Натпреварот меѓу Франција и Белгија ќе се одигра на 10 јули на стадионот „Санкт Петербург“.
Бразил не успеа да искористи една шанса од корнер, додека Белгија постигна погодок во 13. минута.
Исто така, Белгија, со погодокот на Де Брајн во 31. минута, разликата ја зголеми за 2 гола.
На 6 минути по овој гол, во 37. минута, Кутињо имаше шанса да ја затресе противничката мрежа, но не успеа да постигне погодок.
Првото полувреме заврши со водството на Белгија.
Во 76. минута, со погодокот на Аугусто, Бразил успеа да ја намали разликата на 1 гол.
Репрезентацијата на Бразил имаше уште една позиција во 81. минута, но не успеа да постигне гол.
Во финишот на натпреварот, Бразил имаше уште една шанса, но белгискиот голман Куртоис успеа да ја зачува својата мрежа.
Натпреварот заврши со победата на Белгија, со резултат 2:1.