Can Erözden
30 Август 2021•Ажурирај: 31 Август 2021
АНКАРА (АА) - Севилај Озтурк денес ја освои бронзата во финалето во пливање за жени, грбен стил, на Параолимпијадата 2020 во Токио, освојувајќи го првиот медал за Турција во параолимписко пливање, јавува Агенција Анадолија (АА).
Озтурк (17) го заврши финалето во 50 метри грбно во категоријата С5 на третото место со време од 43,48 секунди, освојувајќи го бронзениот медал во Токио.
Донг Лу од Кина го освои златото со време од 37,18 секунди, што е нов светски и параолимписки рекорд.
Тереза Пералес од Шпанија го зеде среброто, завршувајќи ја трката втора со време од 43,02 секунди.
Турската пливачка Сумеје Бојаџи (18) беше меѓу финалистите, но заврши на четвртото место со време од 43,94 секунди и не успеа да стигне до медал во финалето.